Англиските премиерлигаши Арсенал и Ливерпул се сериозно заинтересирани за фудбалерот на Волфсбург, Јосип Брекало. Хрватскиот репрезентативец оваа сезона игра одлично во дресот на германскиот бундеслигаш, а Микел Артета и Јирген Клоп во него гледаат одлично засилување за следната сезона.
Клоп „пазареше“ од Германија и ќе продолжи во својот стил, а Брекало треба да биде една од замените за Мохамед Салах кој најавува заминување. Најголема желба на Ливерпул е Џејдон Санчо, но тој најверојатно ќе биде прескап за раководството на „црвените“.
Артета исто така е вклучен во трката за Јосип Брекало. Тој оваа сезона постигна четири гола и забележа четири асистенции на 31 натпревар во дресот на Волфсбург.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија













