Барселона има во план да поднесе жалба против црвениот картон на Роналд Куман, кој го доби за време на натпреварот против Гранада. Наводно, каталонците ќе го сторат тоа во следните неколку часа.
Барса се надева дека одлуката за суспензија на стратегот ќе биде поништена и Куман ќе биде на клупата против Атлетико Мадрид. За потсетување, Холанѓанецот “поцрвене” на натпреварот во Гранада како резултат на неговите контроверзни коментари кон четвртиот судија.
Поради тоа, доби суспензија од два натпревари од страна на Ла Лига, а веќе отслужи еден во победата на неговиот тим против Валенсија од 3-2. Веќе во сабота ќе се одигра можеби одлучувачкиот дуел во трката за шампионската титула оваа сезона, кога лидерот Атлетико ќе гостува на “Камп Ноу”.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













