
Португалскиот стратег Жозе Мурињо доби отказ од Тотенхем и во моментот има хонорарна работа како телевизиски фудбалски аналитичар, а за „Скај Спортс“ потврди дека би преземал и друг клуб од Серија А иако неговиот поранешен клуб Интер му е во срцето.
„За Интер секогаш ќе имам посебни чувства. Тоа е клубот со кој остваривме големи успеси и секоја седмица навивам да победи. Но, ако ме прашувате дали и предводел и некој од ривалите на Интер во Серија А, да, би го направил тоа. И повторно Интер ќе има посебно место во моето срце“, изјави Жозе Мурињо.
Тој вели дека Виторија Сетубал, клубот од неговиот роден град, е сепак незаменлив.
„Мислам дека нема човек на светот што на навива за клубот од градот каде што се родил. Без разлика дали во неговото срце има место и за уште неколку фудбалски клубови од Европа. Јас постојано се грижам што ќе направи мојот Виторија Сетубал“, порачува Мурињо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија
