
Македонскиот прволигаш Академија Пандев ги претстави првите три засилувања на тимот за пролетниот дел од првенството. По ангажманот на Александар Васоски за нов шеф на стручниот штаб, клубот тргна во офанзива по засилувања.
Првите три имиња кои пристигнаа во комплексот Пандев се голманот Марко Јовановски, централниот дефанзивец Коста Манев и крилниот играч Николче Шаркоски. Тие треба да го донесат неоподното искуство во младиот тим на Академија Пандев. Најавени се уште неколку засилувања меѓу кои и Бразилец кој ќе ја засили конкуренцијата во нападот.
Академија Пандев досега ја напуштија тројца фудбалери, Марио Маслаќ, Кристијан Трапаноски и Милан Томиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal