
Атлетико Мадрид, Реал Мадрид и Барселона се во трка за шампионската титула во Ла Лига, но како потврдени учесници на новата Европска Суперлига не би требало следната сезона да бидат дел од Лигата на шампионите на УЕФА. Ова ќе предизвика тотален хаос во системот што Европската фудбалска организација го гради речиси еден век и досега беше најголемото европско клупско натпреварување.
Слично е и во Италија, можеби најдрастично и во Англија, а УЕФА со помош на националните фудбалски федерации ќе мора итно да воспостави нов систем на вредности и да одреди каде ќе се натпреваруваат клубовите следната сезона во европските купови.
Каде е тука Македонија? Според планираниот систем на УЕФА, освен шампионот, сите други претставници треба(ше) да бидат дел од ново натпреварување, Конференциска лига на УЕФА. Прашање е дали сега ќе има некоја реорганизација или пак се ќе продолжи по истиот терк, но без „одметниците“, дел од најголемите европски фудбалски брендови, кои би се преселиле во Европската Суперлига.
Шкендија евидентно ќе биде нов првак на Македонија, а засега најблиску до излез во Европа се Шкупи, Македонија ЃП и Академија Пандев/Силекс (преку Куп). Каде ќе играат македонските клубови, дали воопшто ќе има европска сезона од септември и тоа што сите најмногу ги интересира, по колку ќе заработуваат клубовите учесници во европските натпреварувања на УЕФА?! Уште денеска треба да се одржи итен состанок на Извршниот одбор на УЕФА по што многу прашања ќе добијат одговор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски и Клуж поразени во Суперкупот на Романија

Евро-фудбал
Дембеле прослави гол во стилот на Жота (Фото)

Евро-фудбал
Нони Мадуеке пред трансфер во Арсенал

Евро-фудбал
Барселона тргнува по Рафаел Леао

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина

Евро-фудбал
Барселона тргнува по Рафаел Леао
