Европската асоцијација на клубови (ЕКА) објави дека се спротивставува на Европската Суперлига по состанокот на кој, наводно, не учествувал нејзиниот претседател Андреа Ањели. Тој автоматски поднесе оставка на функцијата во ЕКА.
Фудбалот синоќа беше погоден од земјотрес, бидејќи беше откриено дека 12 од најголемите европски клубови планираат да формираат нова лига, и тоа Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челси, Тотенхем, Арсенал, Ливерпул, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус, Милан и Интер.
ЕКА е асоцијација која се грижи за интересите на клубовите членки на УЕФА и тие бргу излегоа со изјава во одбрана до управното фудбалско тело на Европа.
Вонредниот состанок на ЕКА одржан во неделата навечер, не го вклучил неговиот претседател Андреа Ањели, ниту некој од отцепените клубови. Состанокот го водеше директорот на Ајакс, Едвин ван дер Сар.
Во соопштението на ЕКА се вели:
„Во светло на денешните извештаи на темата таканаречена отцепена лига, ЕКА како тело што претставува 246 водечки клубови низ Европа, ја повторува својата изјавена посветеност да работи на развој на моделот на УЕФА клупски натпревари, за циклусот на УЕФА што започнува во 2024 година и дека силно ќе се спротистави на „затворениот суперлигашки модел“ на кој се повикуваат написите во медиумите.
„ЕКА ќе се повика на позицијата усвоена од неговиот Извршен одбор на состанокот минатиот петок на 16 април, имено дека ја поддржува заложбата да работи со УЕФА за обновена структура за европскиот клупски фудбал како целина по 2024 година, вклучително и предлог измени во УЕФА клупските натпреварувања по 2024 година. Со поддршка на ЕКА, од Извршниот комитет на УЕФА се бара да ги одобри овие обврски на состанокот на 19 април заедно со напорите за постигнување договор за идните односи меѓу ЕКА и УЕФА.
„Извршниот одбор на ЕКА ќе се состане во текот на следните денови за да донесе соодветни одлуки во врска со сите понатамошни случувања“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski