Европската Суперлига како кула од карти ќе го урне досегашното најголемо европско клупско натпреварување Лигата на шампионите. Три од четирите полуфиналисти, Реал Мадрид, Челси и Манчестер Сити треба да бидат учесници во најавената Суперлига, а УЕФА размислува да ги суспендира клубовите кои се определија за ваков чекор. Ова значи и дека нема да се доигра годинешното издание на Лигата на шампионите. Манчестер Јунајтед е полуфиналист во Лигата на Европа.
УЕФА, а има поддршка и од ФИФА, се закани дека ќе ги суспендира и сите фудбалери кои ќе настапуваат за клубовите во идната Суперлига. Ова значи дека најголемиопт дел од репрезентациите кои се пласираа на претстојното Европско првенство нема да бидат во своите досегашни состави. Прашање е дали и воопшто ќе се одржи Европското првенство во еден ваков облик. На нешто помалку од два месеци пред одржувањето, се отвораат премногу дилеми кои ќе мора итно да се решаваат.
Зад новоформираната Европска Суперлига лига како главен спонзор стои мултинационалната инвестициска банка „Џи-Пи Морган“ која ќе даде неверојатни шест милијарди евра за да заживее. Вкупниот приход на клубовите треба да биде најмалку трипати поголем од тоа што досега го заработуваа во Лигата на шампионите.
Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус, Интер, Милан, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Манчестер Сити, Арсенал и Тотенхем се основачи на Суперлигата. Тие веќе ја напуштија и Европската клупска асоцијација (ЕКА) чиј претседател беше првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski