Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ќе ја предводи новата Европска Суперлига чие формирање беше потврдено доцна синоќа. Дванаесетте европски гиганти кои ќе бидат дел од натпреварувањето отворија војна со УЕФА која жестото регираше, а доби поддршка и од ФИФА, сите федерации и Лиги од кои е дел овие клубови, па дури и од владите на државите, проблемот е стигнат и до Европската Унија.
Формирањето на Суперлигата го доведува во прашање и продолжението на европските натпреварувања сезонава. УЕФА најави суспензии за клубовите кои се дел од новото натпреварување.
Планот е во новата лига е да има 15 постојани членки и пет кои ќе го заслужуваат настапот со настапите во текот на годината. Екипите ќе бидат поделени во две дивизии, нешто слично како кошаркарската НБА. Во двете групи ќе има по 10 тима и ќе играат од почетокот на август во лигашки систем дома-гости со вкупно 19 натпревари.
Најдобрите три ќе обезбедат место во четвртфиналето, а четвртите и петите ќе играат бараж за последните две места меѓу најдобрите осум каде што со елиминациска фаза ќе се стигнува до шампионот.
Зад целиот проект стои корпоративната инвестициска компанија, „Џи-Пи Морган“ која ќе инвестира шест милијарди евра за да започне лигата. Секој клуб за учеството ќе добие 350 милиони евра.
Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Тотенхем.
Откако 12 богаташи од фудбалската аристократија најавија формирање на приватна Суперлига, па ниту еден член од овие клубови синоќа не беше ни на состанокот на Европската клупска асоцијација (ЕКА), УЕФА се закани со ригорозни санкции, но веќе е почната процедура и за тужба во која ќе се бара – астрономска отштета.
Примамливата сума за секој учесник од 350 милиони евра или четирипати повеќе од тоа што Баерн Минхен како последен европски првак севкупно го заработи лани во Лигата на шампионите е една од причините за одметнувањето на фудбалските великани, иако УЕФА, а и сите пет најсилни лиги, како и најголем дел од легендите го осудија ова однесување, со кое се ризикува тотален расцеп на европскиот фудбал и почеток на крајот на „убавата игра“ каква што ја паметиме.
И во хаосот што допрва што веројатно ќе следува, а доаѓа во предвечерието на најавената денешна одлука околу реформите во ЛШ, кои требаше да ја спречат оваа Суперлига, е најавата на „Газета дело Спорт“, дека во Нион е започната постапката за тужба против одметниците во консултација со сите лиги и национални федерации, во кои ќе се бараат огромни 50 до 60 милијарди евра, затоа што ќе се уништи еден комплетен систем.
Како УЕФА и на која основа ќе ги тужи клубовите засега не е познато, но денеска има состанок Извршниот комитет на УЕФА, а утре е редовниот Конгрес.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski