Connect with us

Атлетико Мадрид го разнесе Еибар со пет гола (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид заигра во шампионски стил и го разнесе Еибар со 5-0 на „Ванда Метрополитано“. Сега тимот на Диего Симеоне има четири бода предност пред Реал Мадрид кој вечерва му гостува на Хетафе.

Триесетина минути Атлетико Мадрид немаше ниту шут кон противничкиот гол, а потоа Анхел Кореа со два гола, во 42. и во 44.минута донесе солидна предност на полувремето. Во вториот дел, Јаник Караско зголеми на 3-0, а потоа Маркос Љоренте со два гола го потопи ривалот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови