Connect with us

Погба подготвен да остане во Јунајтед за неделна плата од 500.000 фунти

Францускиот интернационалец Пол Погба побара нов договор од Манчестер јунајтед според кој ќе добива 500.000 фунти неделно, откриваат медиумите на Островот. Договорот на Погба со англискиот клуб ќе истече во јуни 2022 година. Доколку Јунајтед не се согласи со условите предложени од агентот на фудбалерот Мино Рајола, тие ќе ризикуваат да го загубат францускиот репрезентативец без никакво обештетување на крајот на следната сезона.


Погба бара основна плата од 500.000 фунти неделно, како и голем дел од неговите права за имиџ. Вкупно, станува збор за износ близу 800.000 фунти на секои седум дена. Тоа е веројатно и преголем товар за Манчестер Јунајтед во услови на глобална економска криза.

Интерес за Погба покажуваат ПСЖ и Јувентус, а би можел за заврши во Торино и преку размена со Пауло Дибала.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови