Connect with us

Зијеч му пресуди на Сити во ФА купот: Нема четири трофеи за тимот на Гвардиола (ВИДЕО)

Челси е првиот финалист на ФА купот на Англија откако во првиот полуфинален двобој го совлада Манчестер Сити со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Хаким Зијеч во 55.минута од дуелот.

Тимот на Томас Тухел беше подобар на овој меч и заслужено стигна до финалето каде ќе го очекува подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Лестер и Саутемптон.

Со овој пораз паднаа во вода надежите на „граѓаните“ дека оваа сезона би можеле да освојат четири трофеи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови