Connect with us

Проблем за Пирло: Роналдо ја пропушта Аталанта

Јувентус ја загуби трката за шампионската титула со Интер, но мисијата на Андреа Пирло и „бјанконерите“ е да завршат на една од позициите која носи излез во Лигата на шампионите следната сезона. Еден од клучните натпревари за „старата дама“ е утрешното гостување против Аталанта, а во составот на Јувентус нема да биде првата ѕвезда Кристијано Роналдо.

„За жал, ќе го немаме Кристијано Роналдо. Тој не успеа да се опорави навреме од повредата на мускулот. Затоа Пауло Дибала ќе добие шанса од стартот на мечот. Ова е еден од најважните натпревари за нас до крајот на шампионатот во Серија А. За Аталанта можам да кажам само пофални зборови, имаат неверојатен талент во тимот, фудбалери како Иличиќ, Запата, Госенс…Но, верувам во мојот тим и во успех“, изјави Андреа Пирло.

Аталанта ќе го пречека Јувентус утре во Бергамо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови