Милан сака да го доведе Данило Д’Амброзио од лутиот ривал на клубот, Интер, велат италијанските медиуми. Минатата седмица, преставници на Милан се сретнаа со агентот Винченцо Писакане и “росонерите”, наводно, му понудиле двегодишен договор на дефанзивецот.
Д’Амбросио нема започнато натпревар за Интер од ноември, а неговиот договор со “нераѕурите” завршува на крајот на сезоната. Тимот од “Џуземе Меаца” има опција да го продолжи договорот со 32-годишниот фудбалер на уште една година, но со оглед на малата минутажа, веројатнота Италијанецот да остане е мала.
Милан го идентификуваше поранешниот дефанзивец на Торино како идеално засилување за Стефано Пиоли, со оглед на тоа што Диого Далот ќе врати во Манчестер Јунајтед во текот на летото, по истекувањето на неговата позајмица.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













