
На 83-годишна возраст денеска во Скопје почина Мирко Илиевски, една од најголемите легенди, на фудбалскиот клуб Вардар. Тој за најтрофејниот македонски клуб настапуваше осум сезони во периодот од 1956 до 1964 година. Во дресот на фудбалскиот великан од Скопје, има одиграно вкупно 325 натпревари, кои 191 првенствен меч и вкупно 89 постигнати погодоци.
Мирко Илиевски ќе остане запаметен како еден од најзаслужните за освојувањето на првиот трофеј на Вардар во поранешна СФРЈ – Националниот Куп на поранешна Југославија, во далечната 1961 година.
На финалниот натпревар одигран во Белград на 26. мај, Илиевски беше асистент при постигнувањето на првиот и стрелец на вториот погодок, во победата од 2-1 против Вартекс од Вараждин.
Илиевски исто така ги одигра и двата премиерни натпревари за клубот на европската сцена, кога Вардар во сезоната 1961/62, ги одмери силите против шкотскиот Данфермлајн, во Купот на националните куп победници.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици
