
Италијанскиот калчолигаш Јувентус се уште не се откажал од намерата да го доведе Аркадиуш Милик во Торино. Иако преговорите беа интензивни за тој од Наполи да пристигне во редовите на „старата дама“, сепак, раководството на „наполитанците“ не му дозволи на Милик да замине во еден од директните конкуренти.
Полскиот интернационалец се пресели во Франција и го облече дресот на Олимпик Марсеј, но информациите од Италија велат дека многу брзо би можел да се врати назад. Во летниот преоден рок, Јувентус е подготвен да плати 12 милиони евра и да го доведе Милик како засилување на навалната линија за составот на Андреа Пирло.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
