Европската фудбалска организација го подготвува планот за организација на Европското првенство со делумно присуство на публика на стадионите. УЕФА во корелација со градовите организатори на натпреварите, вкупно 12, ги разгледува можностите во колкав капацитет би можеле фановите да присуствуваат на трибините.
Романија даде согласност дека пандемијата на коронавирусот би можела да биде контролирана и доколку на натпреварите бидат исполнети трибините на стадионот во Букурешт со 25% од капацитетот. Тоа значи дека на првите два меча, против селекциите на Австрија и на Украина, фудбалската репрезентација на Македонија ќе настапи пред околу 13.000 гледачи на Националната арена во Букурешт.
Во Амстердам, каде Македонија ќе го игра третиот меч од ЕВРО против Холандија, можно е да биде дозволен и 40% од капацитетот. Најголеми проблеми за УЕФА во моментот се три града, Билбао, Глазгов и Даблин.
Здравствените власти во Шпанија, Шкотска и во Република Ирска се уште не можат да гарантираат присуство на публика на стадионите за време на Европското првенство. Тоа би било погубно за УЕФА, па иако ќе се чека до последен момент, сепак, можно е овие три града и да го загубат домаќинството на мечевите од Европското првенство.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski