Работнички успеа да го сопре налетот на Шкендија. Тимот на Александар Влахо го надигра лидерот на табелата на дуелот на Националната арена „Тодор Проески“, а недостигаше погодок за да се круниса одличната претстава и со триумф.
Шефот на стручниот штаб е задоволен од прикажаното и вели дека овој млад и агресивен Работнички може уште многу да напредува.
„Задоволен сум од тоа што го прикажа на Работнички на дуелот со Шкендија. Мислам дека комплетно го надигравме лидерот кој располага со најквалитетен состав во лигата, поседува неколку одлични индивидуалци, а ние ги неутрализиравме со тимска игра, младост, полетност и агресивност. Наметнавме наш ритам и можеме да жалиме што не успеавме да реализираме барем еднаш од шансите што ги создадовме пред противничкиот гол. Дефинитивно заслуживме барем два бода повеќе од двата последни натпревари против Силекс и против Шкендија. Сепак, играта и залагањето на фудбалерите може само да радува и очекувам да продолжиме во ист стил и на неделниот дуел против Шкупи“, изјави Александар Влахо за официјалниот сајт на клубот.
В недела Работнички ќе биде гостин на Шкупи, а натптеварот ќе се одигра на комплексот на ФФМ. Главен судија на мечот ќе биде Александар Ставрев.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski