
Шкендија по двете стартни победи оваа пролет, налета на разиграниот Работнички кој го сопре лидерот на табелата. Реми без голови можеби и не беше според желбите на тренерот Ернест Ѓока, но тој признава дека неговиот тим не одигра најдобар натпревар.
„Очекувавме тежок натпревар против Работнички. Противничката екипа одигра добро, трчаа многу, покриваа голем дел од теренот, не дозволија да наметнеме наша игра. Првенството е долго и понекогаш е добро да освои и бод, се надевам дека многу подобри ќе бидеме на градското дерби против Ренова. Знам дека на фудбалерите им е потребен и мал одмор поради напорниот ритам, но моравме да бидеме поопасни пред голот на противникот“, изјави Ернест Ѓока.
Шкендија по 21 коло има шест бода предност во однос на Шкупи на врвот на табелата во македонскиот шампионат.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици
