Connect with us

Маркоски ќе ја дели правдата во полуфиналето од Купот меѓу Беласица и Македонија ЃП

Најдобриот македонски судија за 2018 година, охриѓанецот Марјан Маркоски ќе ја дели правдата на првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Македонија меѓу Беласица и Македонија ЃП кој утре од 14 часот се игра на стадионот „Младост“ во Струмица.

На Маркоски ќе му помагаат Никола Караколев од Штип и Жарко Тодороски од Охрид а четврти судија ќе биде Зоран Саздовски од Штип. Делегат на натпреварот ќе биде Сулејман Ибиши од Тетово.

Вториот полуфинален натпревар меѓу Академија Пандев и Победа во Струмица се игра на 6. март.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови