Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, и официјално ја доби наградата „Златно момче“ на „Тутоспорт“ за најдобар млад фудбалер во светот за 2020 година. Тој преку видео линк им се обрати на организаторите на манифестацијата.
„Ова е голем мотив за мене да продолжам со добри игри и да постигнувам голови и во наредниот период. Јувентус? Засега сум фокусиран на Борусија Дортмунд, но никогаш не се знае што носи иднината“, изјави Халанд.
Полскиот интернационалец Роберт Левандовски го доби признанието за најдобар фудбалер за 2020 година.
„Среќен сум што го добив признанието „Златен играч“. Имавме фантастична година со Баерн Минхен, а оваа награда е одлична сатисфакција за напорната работа“, изјави Левандовски.
Неговиот тренер Ханси Флик во видео порака истакна дека напаѓачот треба да ја добие наградата на ФИФА за најдобар фудбалер во светот.
Карл – Хајнц-Румениге ја доби наградата за најдобар фудбалски менаџер во светот за 2020 година откако состави победнички тим во Баерн Минхен.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski