Connect with us

Вирц едвај даде првенец за Ливерпул, а Премиер-лигата и тој му го одзеде (ВИДЕО)

Продуктивноста на Флоријан Вирц во Ливерпул и понатаму е на „нула“ во Премиер-лигата, дури и по ремито од 1-1 на „Енфилд“ против Сандерленд. Иако првично погодокот беше припишан на германскиот репрезентативец, подоцна беше променет во автогол на неговиот поранешен соиграч од Баер Леверкузен, Норди Мукиеле.

Израмнувачкиот гол падна откако Вирц направи продор и шутираше, а по блокот од Мукиеле топката заврши во мрежата. Но, бидејќи ударот на офанзивниот играч очигледно не одеше во рамките на голот, Премиер-лигата реши да му го одземе погодокот.

Од почетокот на сезоната, Вирц е под силен притисок и критики поради скромниот учинок во дресот на Ливерпул, кој не соодветствува на платените речиси 150 милиони евра за неговиот трансфер. Досега одигра 13 натпревари во Премиер-лигата, а уште нема постигнато гол ниту запишано асистенција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови