Со истекот на месец ноември и официјално истече договорот на селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски. Фудбалската федерација на Македонија денеска ќе одржи седница на Управниот одбор, на која се очекува да биде констатирана разделбата со Милевски, а потоа и да се назначи соодветна комисија за нов селектор.
Милевски имаше договор до 30 ноември, до крајот на квалификацискиот циклус, а по тешкиот пораз во Кардиф од Велс (7-1) се наѕираше разделбата по истекот на договорот. Во својот мандат на клупата, Благоја Милевски ја водеше Македонија вкупно на 48 натпревари. Со него како селектор нашата репрезентација забележа 18 победи, 14 нерешени и 16 порази, а тоа го прави еден од ретките со повеќе добиени средби од нерешени и загубени.
Со Милевски на клупата Македонија успеа да избори два баражи за Мундијалите, заврши како првопласирана во Ц-сегментот од Лигата на нациите и избори пласман во Лига Б за следното издание. Ја имавме и долгата серија без пораз на официјални натпревари која траеше повеќе од две години, a заврши токму во Кардиф.
Најголемите победи на Македонија со Милевски на клупата беа од по 5-0, едната на гостински терен во Ерменија во 2021 година, а втората беше овој септември дома со Лихтенштајн.
Сепак, двете островски „седумки“ негативно го одбележаа мандатот на Милевски. Во 2023 година на „Олд Трафорд“ го забележа највисокиот пораз од Англија (7-0), а сега во Кардиф од Велс нашата селекција загуби со 7-1.
И покрај овие убедливи порази, Благоја Милевски е еден од најуспешните селектори на Македонија.
Како најсериозен кандидат за нов селектор се споменува Гоце Седлоски, актуелниот стратег на Вардар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Минамино го тресна ПСЖ (ВИДЕО)













