Connect with us

Струга Трим Лум посакува три бода од гостувањето кај Работнички

Фудбалерите на Струга Трим Лум сакаат да го следат Вардар во чекор, а за тоа им се потребни три бода и од денешниот дуел против Работнички, што ќе се игра на комплексот „Петар Милошевски“ на ФФМ.

Струга Трим Лум секогаш се обидува да победи, на секој нареден натпревар. Се надеваме дека со таков ќе стигнеме и на врвот. Засега сме во улога на конкуренти за највисок пласман и се надеваме на триумф и на денешниот меч против Работнички“, вели интернационалецот Ласана Дијако.

Тој ја истакнува намерата на стружани да освојат три бода.

„Стратегијата на тимот останува иста, дури и кога тренерот ќе промени по неколку играчи. Сите треба да ја одработат својата улога и најважното е Струга Трим Лум да стигне до успех. И јас се трудам да дадам сè од себе и да му помогнам на тимот во секоја ситуација“, изјави Дијако.

Струга Трим Лум влегува во денешниот натпревар од втората позиција со 32 бода, во моментот четири помалку од лидерот Вардар кој има одиграно и натпревар повеќе. Работнички е претпоследен, со седум освоени поени.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови