Connect with us

Чаби Алонсо: Треба да реагираме и да ги решиме проблемите што се појавија на последните мечеви

Чаби Алонсо изјави дека Реал Мадрид мора да реагира на проблемите по ремито 2-2 против Елче во натпреварот од 13. коло на шпанската Ла Лига.

„Таков е фудбалот. По добрите партии дојдовме до резултати кои не ги посакувавме. Незадоволни сме, бидејќи секогаш сакаме да победуваме, но пред нас има уште многу натпревари“, рече Алонсо.

Ова беше втор натпревар по ред во шпанскиот шампионат што „кралскиот клуб“ не успеа да го добие и сега има само еден бод предност пред вечниот ривал Барселона на врвот на табелата.

„Треба да продолжиме да го анализираме тоа што се случи. Тимот не се откажува, играчите продолжуваат да се борат. Резултатот и играта секогаш можат да бидат подобри, бидејќи сме самокритични. Мора да реагираме на проблемите. Сакамe да се подобриме“, додаде Алонсо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови