Connect with us

Нова магија на Роналдо, постигна гол со ножички (ВИДЕО)

Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо повторно им приреди спектакл на навивачите на Ал-Наср, во убедливата победа од 4-1 против Ал-Калеј во првенството на Саудиска Арабија. Тој постигна неверојатен гол со ножички, потсетувајќи на периодите кога настапуваше за Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Покрај Роналдо, голови за Ал-Наср постигнаа и Жоао Феликс, Весли и Садио Мане, а португалската ѕвезда стави „точка“ со гол во судиското продолжение, предизвикувајќи вистинска еуфорија со својата мајсторија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови