Барселона се врати на „Камп Ноу“ по 900 дена и тоа го прослави со убедлива победа од 4-0 против Атлетик Билбао. Стадионот не беше целосно исполнет поради делови кои сè уште се во изградба, а клубот на крајот објави дека натпреварот го следеле 45.157 гледачи.
Уште во петтата минута домаќините поведоа. Роберт Левандовски ја искористи грешката на одбраната на Билбао за првиот гол, додека голманот Симон не реагираше најдобро.
Во десеттата минута публиката скандираше: „Меси, Меси…“, создавајќи магична атмосфера на стадионот.
Следниот погодок дојде на крајот од првото полувреме. Ламин Јамал извонредно го проигра Феран Торес, кој излезе еден на еден со Симон и рутински ја реализираше акцијата.
Веднаш на стартот на второто полувреме следуваше нов гол. Фермин Лопез се најде сам пред Симон и постигна погодок за 3-0, откако одбраната на Билбао повторно реагираше катастрофално.
Директниот црвен картон на Сансет по интервенција на ВАР за груб старт го потврди исходот – победата на Барселона беше неизбежна, прашање беше само со колкава гол-разлика.
Конечниот резултат за 4-0 дојде во 89. минута. Ламин Јамал му асистираше на Феран Торес, кој го постигна својот втор гол на натпреварот и деветти во сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Нов дебакл за Ливерпул (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?
Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Кенан Јилдиз
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)













