Connect with us

Партизан го смени тренерот Срѓан Благојевиќ

По тешкиот пораз од Чукарички со 4-1 на гостински терен, раководството на Партизан денеска реши да стави крај на соработката со тренерот Срѓан Благојевиќ. Белградскиот клуб наскоро ќе именува нов стратег.


Според информациите од српските медиуми, одлуката за смената на Благојевиќ главно дошла по иницијатива на Предраг Мијатовиќ, кој моментно има значајна улога во управата на клубот.

Иако Партизан оваа сезона бележи солидни резултати и се наоѓа на делба на првото место со големиот ривал Црвена Звезда, раководството очигледно смета дека е потребна промена за да се задржи чекорот во трката за шампионската титула.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови