Connect with us

Луис Енрике објасни зошто ПСЖ не победи: Едноставно е, игравме многу слабо

Tренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, упати критики кон своите фудбалери по ремито 1-1 на гостувањето против Лориен, во натпревар од десеттото коло на француската Лига 1.

„Едноставно е – мислам дека одигравме слаб натпревар. Игравме многу лошо во првото полувреме: не создадовме ниту една шанса, противникот се бранеше добро и ни беше тешко. Во второто полувреме се подобривме малку, но мислам дека можевме да играме уште 90 минути и пак да не постигнеме гол. Ни недостигаше конкретност во нашите потези. Не создадовме шанси – тешко е да се победи на гостински терен во вакви услови“, изјави Луис Енрике.

Шампионите имаа среќа, бидејќи нивните главни ривали за првото место, Марсеј и Лион, исто така направија кикс, што му овозможи на ПСЖ да ја задржи лидерската позиција на табелата.

„Навикнати сме на вакви ситуации, затоа што повеќето екипи играат на ист начин против нас. Но, кога нема дуели еден на еден, кога нема продори во празен простор и нема свежи идеи, тоа станува проблем. Секако дека постои разочарување. Затоа сум тренер – кога не го добиваш тоа што го сакаш, тешко е да го прифатиш“, додаде Луис Енрике.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови