Струга Трим Лум доживеа изненадувачки пораз од АП Брера во минатото коло, но намерата на тимот е веднаш да се исправи и да им се врати на победите. Денеска Струга ТЛ ќе се соочи со Шкупи, а интересно е дека ќе игра на својот стадион иако формално ќе биде гостин.
„Подготвени сме да го дадеме максимумот, како и на секој друг натпревар. Ќе излеземе на терен со цел да ги освоиме трите бода. Тоа е нашиот главен приоритет, да останеме во трката за титулата“, изјави младинскиот репрезентативец Меметриза Хамза.
Шкупи се наоѓа на последната позиција со само еден освоен бод, но го освои токму на стадионот во Струга, на дуелот против Работнички. Сега стружани ќe бидат во улога на гости, но пред своите гледачи.
„Нормално, тоа ќе биде предност за нас бидејќи ќе играме на нашиот стадион, каде обично настапуваме како домаќини. Овојпат формално сме гости, но тоа не менува ништо. Струга Трим Лум секогаш игра за победа, без разлика каде настапува“, порача Хамза.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













