Менaџерот на Ливерпул, Арне Слот, се обиде да ја објасни причината за елиминацијата на тимот од Кристал Палас (0-3) во Карабао купот. Неговиот тим има шест порази во последните седум натпревари во сите натпреварувања. Единствената победа во таа серија е триумфот со 1-5 против Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на шампионите.
„Луѓето кои го следат овој клуб знаат дека го користиме ова натпреварување за да им дадеме шанса на помладите играчи. Сакавме да им овозможиме да се развиваат, да играат пред 60.000 гледачи, пред нашите навивачи – тоа е една од причините,“ – изјави Слот за „Скај Спортс“.
„Другата причина е што имаме само четири или пет повредени играчи, но ако повторно треба да играм со истите фудбалери… Постојат многу причини зошто изгубивме толку натпревари. Не барам изговори, но не помогна фактот што речиси секогаш имавме само два дена одмор меѓу мечевите, а потоа повторно гостувања едно по друго. Тоа нè натера постојано да настапуваме со истите играчи“, додаде стратегот на Ливерпул.
„Кога, на пример, се обидов да го користам Александар Исак – играч кој ги пропушти летните подготовки – тоа беше голем ризик за нова повреда. Во моментов имаме само 15-16 првотимци на располагање“, изјави Арне Слот.
Сепак, неговиот избор на состав беше широко критикуван од навивачите на социјалните мрежи. Најголем дел од нив веќе бараат клубот да размислува и за промена на менаџерската позиција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













