Тежок инцидент се случи на натпреварот од Третата лига север помеѓу ФК Беса и ФК Аеродром кој се одигра во Слупчане.
Голманот на гостинскиот тим бил крвнички претепан на теренот, при што бил пренесен во болница во Скопје.
Министерството за внатрешни работи информираше дека се приведени двајца фудбалери на Беса кои го тепале голманот и уштеден фудбалер на Аеродром.
– На 26.10.2025 во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од с.Слупчане, општина Липково, затоа што на фудбалски натпревар во с.Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“ од Скопје. СВР Куманово презема мерки за откривање на сите инволвирани и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, се вели во известувањето од МВР.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













