Веднаш по натпреварот од деветтото коло на ПМФЛ, во кое Пелистер успеа да ја прекине негативната серија и да одигра 0-0 со еден од водечките тимови на табелата, Шкендија од Тетово, беше лиферувана веста дека битолскиот клуб ја раскина соработката со тренерот Димитар Капинковски. Нов кормилар е Милан Стојановски, поранешен македонски репрезентативец, кој играше во белградски Партизан, а потоа како тренер ги водеше Раднички Пирот, Локомотива Белград, ИМТ и Телеоптик.
Паузата која се случи во првенството беше искористена за пријателскиот натпревар со Динамо Букурешт по повод 80-години од формирање на клубот и 40 години од навивачката група, каде што Пелистер славеше со 2:0. Дополнително, Стојановски имаше можност да дебитира и во официјален натпревар, бидејќи го водеше тимот во натпреварот од Купот, каде што загубија од Шкендија Арачиново со 1-0.
„Му гостуваме на Силекс, а во некои други времиња ова ќе беше дерби на колото. Сепак, резултатската криза остави последици и лошиот период го позиционираше тимот во борба за опстанок. Противникот не е лесен, но ние мораме да освојуваме бодови. Гледаме дека нештата се менуваат во лигата, екипите кои имаа лош старт сега приредуваат изненадувања. Никогаш нема да биде лесно, противниците исто така се подобруваат, менуваат тренери, но ние мора да ја гледаме нашата страна”, вели Стојановски во пресрет на гостувањето во Кратово.
„Сигурно дека нема да одиме со бело знаме! Купот е минато, се концентрираме на првенството и одиме за позитивен резултат. Борбата за опстанок ќе биде тешка, но одиме натпревар по натпревар. Знаеме дека потоа ќе играме неколку натпревари на домашен терен, но во овој момент сме фокусирани на Силекс и како да се вратиме непоразе”, рече Филип Миленковски.
Денешните противници имаат богата меѓусебна историја, при што минатата сезона и двата клуба извојуваа победи во меѓусебните дуели од есенскиот дел на првенството.
Мечот во Кратово се игра со почеток во 13 часот и 30 минути.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













