Македонскиот фудбалер Давид Тошевски се запиша меѓу стрелците за првпат во дресот на белгискиот клуб Дендер.
Во 12. коло од белгиската елита, Тошевски уште во третата минута ја затресе мрежата на Вестерло и му донесе водство од 0-1 на својот тим.
Сепак, домашните успеаја да израмнат во 65. минута, па натпреварот заврши без победник, 1-1.
Тошевски беше дел од стартниот тим и одигра 70 минути, оставајќи позитивен впечаток со својата енергична игра и голот што го најави неговиот потенцијал во белгиското првенство.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













