Connect with us

Вардар поради пожарот во Трубарево привремено се сели во Охрид

Поради големиот пожар во Трубарево, под ризик се најдоа сите околни населени места, меѓу кои и Хиподром, каде се наоѓа базата на ФК Вардар.

По препорака на надлежните органи за евакуација на сите кои се во близина на жариштето, „црвено-црните“ ќе заминат во Охрид, каде ќе се подготвуваат за претстојниот натпревар од шестото коло во ПМФЛ против Арсими.

Тренерот Гоце Седлоски го откажа утринскиот тренинг, а тимот попладне треба да патува за Охрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови