
Фудбалерите на Арсими, по репрезентативната пауза, се враќаат на терените со јасна цел, да ја остварат првата победа во шампионатот. Екипата од Гостивар ги загуби двете средби на домашен терен, па дуелот со Пелистер овој викенд претставува нова можност да се сврти страницата и да се започне позитивна серија.
Со почит кон противникот, но и со силна желба да се исправат пред сопствените навивачи, играчите на Арсими се максимално мотивирани да прикажат подобра игра и да постигнат позитивен резултат.
Леонид Игњатов, играч од средниот ред на Арсими, изјави:
„Не очекува тежок натпревар против Пелистер. Тоа е екипа со квалитет и силна поддршка од трибините, особено кога игра дома. Имаме голема почит кон нив, но во исто време сме подготвени да се надигруваме и да покажеме што знаеме.“
Игњатов нагласува дека тимот добро ја искористил репрезентативната пауза за да ги поправи слабостите и да се подготви за нов почеток во сезоната:
„Во текот на паузата работевме напорно и веруваме во нашите сили. Целта ни е да одиграме максимално посветено, да ја контролираме играта и да стигнеме до позитивен резултат. Ќе дадеме сè од себе за да ги израдуваме нашите навивачи.“
Во пресрет на петтото коло, Пелистер се наоѓа во средината на табелата со солиден биланс, додека Арсими сè уште ја брка првата победа во сезоната и со тоа шансата да се искачи повисоко на табелата.
Натпреварот меѓу Пелистер и Арсими ќе се одигра во рамките на петтото коло од првенството во Битола, со почеток од 19 часот, со директен пренос на каналите на Јавниот сервис.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
