
Чаби Алонсо ја изрази својата радост поради одличниот старт на сезоната на Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ славеше со 1-2 на гостувањето кај Реал Сосиедад и по четири кола во Ла Лига останува со максимален број бодови.
И покрај тоа што цел час играа со играч помалку, мадриѓаните успеаја да дојдат до победа – нешто што Алонсо посебно го нагласи.
„Имаме четири победи, но продолжуваме понатаму. Сезоната е долга и не смееме ништо да земаме здраво за готово. Среќни сме, но има многу простор за напредок, многу работа пред нас за да бидеме константни во текот на целото првенство. Резултатите сами зборуваат“, изјави Алонсо.
Тој се осврна и на фактот дека тимот победил со играч помалку.
„Игравме долго време со десетмина и може да се каже дека имавме одлични периоди, знаевме какви напори треба да вложиме и успеавме да ја исправиме ситуацијата. Фудбалерите работеа напорно и дадоа сè од себе за тимот“, додаде тренерот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
