Connect with us

Јуриќ го изостави Лукман од тимот на Аталанта: „Во моментов не е подготвен за фудбал“

Нигерискиот голгетер Адемола Лукман не се најде на списокот на играчи на кои тренерот на Аталанта, Иван Јуриќ, ќе смета за денешниот дуел против Лече, бидејќи физичката состојба на африканскиот фудбалер е таква што не би можел да даде значаен придонес за тимот од Бергамо.

По двете стартни ремија, минатогодишниот освојувач на Лига Европа се подготвува за продолжението на сезоната во која го очекуваат многу предизвици.

Првиот е против Лече од 15 часот, а во составот нема да биде Лукман, чиј статус цело лето беше неизвесен поради желбата кариерата да ја продолжи во Интер.

Сепак, тврдоглавоста не беше пресуден фактор Јуриќ да го изостави Нигериецот за следниот меч, туку слабата форма која го одложува неговото враќање на теренот.

„Адемола нема да биде подготвен. Тоа е тешка и непријатна ситуација. Како тренер сметав дека ни се потребни други работи: дух, скромност, добар однос кон дресот. Мораме да играме подобро, да преземеме одговорност и да создадеме чувство на припадност. Сакам да победиме денеска“, нагласи хрватскиот стручњак, кој нема да може да смета ниту на Џанлука Скамака, за чија повреда се дозна за време на репрезентативната пауза.

Пред фудбалерите на Аталанта претстои предизвикувачки период, со оглед дека само три дена по мечот со Лече ќе гостуваат кај европскиот првак ПСЖ во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови