Connect with us

Меси промаши пенал, Интер Мајами со убедлив пораз

Интер Мајами загуби со 0-3 од тимот на Шарлот во натпревар од редовната сезона на МЛС – лигата. Клучен момент на мечот можеби беше нереализираниот пенал на Лионел Меси.

Поразот го симна тимот на осмото место во Источната конференција, кое е надвор од зоната за директен пласман во плејоф. Сепак, ѕвездениот проект на Дејвид Бекам има дури четири заостанати натпревари кои допрва треба да ги одигра. Од друга страна, Шарлот исто така е во Источната конференција и заостанува четири бодови зад лидерот Филаделфија Унион.

Инаку, Хавиер Маскерано го започна мечот со сите свои ѕвезди: Лионел Меси, Жорди Алба, Серхио Бускетс и новото засилување Родриго де Пол.

Единствен кој не се појави на теренот беше Луис Суарез, кој сè уште ја одслужува својата суспензија поради инцидентите во финалето од Купот на лигите на Северна Америка.

Сите три гола за Шарлот ги постигна Идан Гурно – првиот во 34. минута, а потоа стрелаше двапати во второто полувреме.

Во 79. минута Томас Авилес доби втор жолт картон и го остави својот тим со играч помалку.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови