
Реал Мадрид продолжува со одличните игри во Ла Лига и по првата репрезентативна пауза. „Кралевите“ се враќаат со голема победа од 1-2 против Реал Сосиедад, иако повеќе од еден час играа со играч помалку.
ВАР уште во втората минута му го поништи голот на Арда Гулер поради офсајд, но десет минути подоцна Килијан Мбапе ја искористи грешката на одбраната, со фантастичен продор остави двајца дефанзивци зад себе и прецизно ја смести топката во мрежата за 0-1.
По половина час игра, летното засилување од Премиер – лигата, Дин Хујсен направи груб прекршок и доби директен црвен картон. Сепак, и со играч помалку Реал успеа да ја зголеми предноста – Арда Гулер во 44. минута погоди за 0-2.
Во второто полувреме Реал Сосиедад доминираше и упати дури 17 удари кон голот на Реал Мадрид, но успеа само да го ублажи поразот. Ојарзабал беше прецизен од белата точка во 74. минута за конечни 1-2.
Со оваа победа Реал Мадрид останува со максимални 12 бодови по четири кола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
