Вардар ја победи Македонија ЃП со 1-0 на Арената „Тодор Проески“ и во моментов се искачи на првото место на табелата во Првата лига со 13 бода по пет одиграни натпревари. „Црвено-црните“ славеа со голот на напаѓачот Азер Омерагиќ кој во 52.минута го искористи големиот кикс во одбраната на Македонија ЃП и ја затресе нивната мрежа.
Пецов сакаше да ја врати топката со глава до голманот Ристе Јанков, но на крајот ја испушти, а таа падна на ногата на Азер Омерагиќ кој се снајде одлично и успеа да постигне погодок. Тоа беше подарок кој едноставно не смееше да се пропушти.
На Арената се одигра цврст дуел, без премногу шанси, а Македонија ЃП по примениот гол не успеа да возврати.
Во наредното коло Вардар ќе патува на гостување кај новиот прволигаш Арсими, а Македонија Ѓорче Петров ќе биде домаќин на Брера.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













