
Клубовите ширум светот урнаа нов рекорд со потрошени речиси 10 милијарди долари за нови фудбалери во овој трансфер прозорец, објави Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Според податоците на централата, сумата изнесува 9.76 милијарди долари за 12 илјади трансфери, што е за 50% повеќе од истиот период минатата година.
Женскиот фудбал исто така забележа рекорд, откако беа склучени 1.100 договори во вредност од над 12 милиони долари. Орландо Прајд го направи најскапиот трансфер со 1.5 милиони долари за крилото на Тигрес, Лизбет Овале.
„Пазарот беше многу активен и кај мажите и кај жените. Додека кај првите тоа веќе е традиција, растечкиот пазар кај дамите покажува стремглав развој на фудбалот кај нив“, изјави претставникот на ФИФА, Емилио Гарсија Силверо.
Клубовите од англиската Премиер – лига традиционално потрошија најмногу пари на пазарот, вложувајќи над 3 милијарди долари во последните три месеци. Најголем дел од оваа сума им припадна на германските клубови со 893 милиони долари приходи, при што најголемата зделка беше меѓу Ливерпул и Баер Леверкузен за Флоријан Вирц во висина од 116 милиони и бонуси. „Црвените“ ги донесоа и Џереми Фримпонг од истиот клуб и Хуго Екитике од Ајнтрахт Франкфурт, додека Њукасл го доведе Ник Волтемаде од Штутгарт.
Најскапиот трансфер во текот на летото беше склучен на 1 септември, кога Ливерпул го донесе Александер Исак од Њукасл за 125 милиони фунти.
Логично, Германците се на второ место по потрошени пари со 980 милиони долари, а Италија е трета со 950 милиони долари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дембеле поради повреда нема да игра два месеци?

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Рома и Дибала се блиску до нов договор

Евро-фудбал
Баерн Минхен влегува во трката за Марк Гехи

Евро-фудбал
Нови проблеми за Ханси Флик во Барселона

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана
