Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас тренира со Лајпциг и се надева дека до крајот на летниот преоден рок сепак ќе направи трансфер и ќе замине од Бундес-лигата, каде немаше среќа да се наметне во дресот на „биквовите“. Сепак, како што наведува „Билд“, Лајпциг има сѐ поголем проблем со Елмас.
Клубот сака перманентно да го продаде, а бара 20 милиони евра. Раководството на Лајпциг сака да врати најголем дел од инвестицијата, затоа што плати 24 милиони евра на Наполи за неговото доаѓање во Германија.
Но, се чини дека тоа ќе биде тешко остварливо. Торино и Наполи, клубовите кои се заинтересирани за Елмас од Серија А го сакаат единствено на позајмица за претстојната сезона. Наполи испрати и официјална понуда од 1,5 милион евра за позајмица за една сезона, а потоа и необврзувачки откуп за 11,5 милиони евра.
Во трката се вклучи и англискиот премиерлигаш Вест Хем, кој е можеби единствената опција за перманентен трансфер до крајот на летниот преоден рок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













