
Се ближи почетокот на новата сезона во македонскиот фудбал. Утре напладне во хотелот „Хилтон“ ќе се одржи ждрепката, по што ќе биде познат и распоредот на натпреварувањето во Првата и во Втората лига, како и за почетокот на куп-натпреварувањето во новата сезона.
„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) известува дека извлекувањето за натпреварувачката сезона 2025/26 во Прва МФЛ, Втора МФЛ и 1/16 финале од КУП на Македонија ќе се одржи во среда, (30 јули 2025 година), со почеток во 12:00 часот, во хотел „Хилтон”, Скопје.
Извлекувањето ќе се спроведе согласно пропишаните правилници, во присуство на претставници од клубовите и надлежните тела на ФФМ“, објавија од Фудбалската федерација на Македонија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Тотенхем: Соланке опериран
