
УЕФА донесе одлука за суспензија од еден натпревар за фудбалерот од средниот ред на Шкендија, Камер Ќака, поради директниот црвен картон добиен на првиот меч од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите против ФЦСБ, кој заврши со победа од 1-0 за македноскиот првак во Скопје.
Според соопштението на Комисијата за контрола, етика и дисциплина при УЕФА, Ќака е казнет со еден меч суспензија поради остар старт кој доведе до исклучување.
Ова значи дека тој ќе го пропушти утрешниот реванш против ФЦСБ кој ќе се одигра во Букурешт, но ќе биде на располагање за потенцијалниот натпревар во третото квалификациско коло на европските натпреварувања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal