
Раководството на Реал Мадрид веќе има подготвен план доколку не успее да постигне договор за продолжување на соработката со Винисиус Жуниор. Преговорите за новиот договор со бразилскиот крилен напаѓач се во застој, а во случај тој да замине – најмногу поради интересот од Саудиска Арабија – „кралевите“ ќе се насочат кон ѕвездата на Премиер – лигата, Ерлинг Халанд од Манчестер Сити.
Винисиус има уште две години од тековниот договор, но бара значително зголемување на платата за да потпише нов. Според повеќе извори, неговите финансиски барања се дури и повисоки од примањата на Килијан Мбапе.
Претседателот на клубот, Флорентино Перез, веќе одлучил кој би бил првата опција за замена доколку Винисиус го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Тоа е напаѓачот на Манчестер Ситим Ерлинг Халанд.
Перез одамна ја има идејата да ја формира напаѓачката линија на Реал Мадрид со двајца од најдобрите светски голгетери, Мбапе и Халанд заедно.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Шешко ќе избира меѓу Њукасл и Манчестер Јунајтед

Евро-фудбал
Интер постави ултиматум за трансферот на Лукман
