Connect with us

Баерн Минхен ќе ја зголеми понудата за Луис Дијаз

Баерн Минхен е подготвен да ја зголеми својата понуда за Луис Дијаз, откако преговорите со Ливерпул се интензивираат, пренесува „Скај Германија“. Германскиот шампион веќе понудил околу 67 милиони евра, но се очекува наскоро да ја подобри понудата.

„Луис Диас останува еден од главните трансферни приоритети за Баерн. Ливерпул има поставена цена, а Баварците се целосно информирани за неа“, тврди „Скај Германија“.


Според медиумот, Баерн веќе имал позитивни разговори со Дијаз и му понудил договор најмалку до 2029 година.

Клучен момент сега е постигнување договор меѓу двата клуба. Барселона, исто така, покажува интерес за колумбискиот офанзивец, но финансиските ограничувања при регистрација на нови фудбалери и понатаму се пречка за Каталонците, поради што нивната понуда не е толку атрактивна.

Ако Баерн успее да се договори со Ливерпул, трансферот на Дијаз во Минхен изгледа сосема остварливо. Колумбиецот е идентификуван како клучна фигура за левата страна во офанзивната линија од новиот проект на Баерн.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови