 
																												
														
														
													Саудискиот гигант Ал-Ахли подготвува сензационална понуда за ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, обидувајќи се да го искористи затегнатиот однос меѓу Бразилецот и управата на „кралскиот клуб“ околу неговиот нов договор.
Според информациите, клубот од Џеда е подготвен да понуди неверојатни 300 милиони евра за трансферот – сума што би го соборила досегашниот светски рекорд од 222 милиони евра, платени од ПСЖ за Нејмар во 2017 година.
Покрај тоа, Ал-Ахли наводно нуди петгодишен договор вреден вкупно 1 милијарда евра, што би го направило Винисиус најплатениот фудбалер во историјата на спортот.
Иако Винисиус повеќепати јавно изјави дека сака да остане во Мадрид, неговото барање да стане највисокоплатениот играч на Реал фрла сенка врз неговата иднина.
Бразилецот сака нов договор до 2030 година со годишна плата од 30 милиони евра и значителен бонус за продолжување на соработката – услови кои Реал Мадрид не е подготвен да ги прифати, особено со оглед на неговите нестабилни настапи во последно време, вклучувајќи го и разочарувачкиот настап на Светското клупско првенство.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Марк Гехи е пред трансфер во Реал Мадрид
 
																					Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														