
Благоја Милевски повторно креира млада генерација фудбалери која ниже победи на стартот од квалификациите за ЕП 2021. Македонската селекција триумфално го заврши гостувањето против Црна Гора во Подгорица, а Милевски сите заслуги како секогаш претходно ги адресира на неговите избраници кои максимално сериозно му пристапија на дуелот за заслужени три бода.
„Честитки за фудбалерите. Посакувам само да продолжи да не краси овој пристап. Момците максимално сериозно влегоа во натпреварот и успеавме да ја оствариме целта. Имаме уште многу работи за поправање во играта, но добро е што победуваме и кога има одредени недостатоци во играта. Тоа ќе се обидеме да го поправиме на следните натпревари. Овој дуел во Подгорица го забораваме и уште вечерва се концентрираме на домашниот натпревар против Казахстан кој не очекува за пет дена“ – истакна Милевски веднаш по победата над Црна Гора.
Македонија на 15. октомври на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје ја очекува третиот натпревар од овие квалификации против Казахстан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
