
Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота, почина на 28-годишна возраст. Несреќата се случила на западот на Шпанија, а заедно со ѕвездата на Ливерпул во автомобилот бил и неговиот брат Андре.
Фудбалерот на Ливерпул загинал во сообраќајна несреќа што се случила во покраината Замора, лоцирана во западниот дел на Шпанија.
Португалскиот ас починал откако неговото возило излетало од патот, по што избувнал пожар во автомобилот.
Сведоци изјавиле дека возилото било целосно зафатено од пламен, кој потоа се проширил и на околната вегетација.
Со Жота во автомобилот бил и неговиот две години помлад брат Андре, кој исто така бил професионален фудбалер и настапувал за португалскиот клуб Пенафил.
Одличниот офанзивец се ожени на 22 јуни со својата долгогодишна партнерка Руте Кардозо, со која бил во врска подолго време.
Од него останаа три деца. Несомнено станува збор за голема трагедија за фудбалскиот свет.
Жота му се приклучи на Ливерпул во 2020 година од Вулверхемптон за 44,7 милиони евра. Оттогаш настапи на 182 натпревари за „црвените“, постигна 65 голови и запиша 26 асистенции.
Во тој период со клубот од „Енфилд Роуд“ освои неколку трофеи, меѓу кои и титулата во Премиер – лигата (2024/25), ФА купот (2021/22) и Лига купот (2021/22).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици
