
Шпанскиот прволигаш Бетис подготвува нова понуда до Манчестер Јунајтед со цел да го задржи Ентони во своите редови, пренесуваат медиумите на Пиринеите. Тимот од Севилја планира да побара нова позајмица за Бразилецот, но овојпат со задолжителна клаузула за откуп на крајот на следното лето.
Најголем проблем за реализација на зделката би можела да биде високата плата на Ентони. Во моментов тој заработува околу 8 милиони фунти годишно во Манчестер Јунајтед, а англискиот клуб досега покриваше дел од неговите примања за време на престојот во Бетис.
Според повеќе извори, Ентони изразил подготвеност да ја намали својата плата за да остане во Бетис – клуб во кој, како што самиот вели, се чувствува одлично. Сега останува да се водат преговори помеѓу шпанскиот клуб, фудбалерот и неговите агенти за да се постигне договор околу личните услови.
Иако Манчестер Јунајтед претходно инсистираше на постојан трансфер, недостигот од конкретни понуди може да ги натера „црвените ѓаволи“ да прифатат нова позајмица со обврска за откуп.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
